За нас
Анагор е основана во 1974 година. Првата галерија и работилница за изработка на рамки беше лоцирана во непосредна близина на арапска куќа-плоштад Македонија, во 1978 година беше дислоцирана на улица Водњанска-кај Нова Македонија, денес се наоѓа до трговскиот центар Беверли Хилс.
Повеќе од 40 години галерија Анагор е збирно место на најреномираните македонски ликовни творци, место за дискусија и развивање на нови идеи во ликовното творештво, но исто така место на многу колелкционери и љубители на уметноста.
Галеријата има сопствена колекција на уметнички дела од реномирани автори, истата беше изложена во Кочо Рацин-Работнички Центар, во 1980 година.
Имаме најдолга традиција во опремувањето на рамки за слики. Се стремиме секогаш да користиме најквалитетни материјали, и најпрофесионални техники и машини за изработка на рамовите. Но она што не прави различни е тоа што пристапуваме со голема љубов и внимание кон изработката.
Во работилницата од самиот почеток користевме рачно изработени рам профили, од 1994 година користиме и увезуваме индустриски рамки. Денес на наше големо задоволство сме најголемите увозници на рам профили во Македонија, најголемиот дел со потекло од Италија и се стремиме да развиеме дистрибуција на материјалите низ Македонија и Косово. Имаме желба да ги поттикнеме сите оние кои имаат љубов кон оваа професија да стане нивна професионална определба
.